
Десет години власта на ВМРО ДПМНЕ ги лажи граѓаните на Битола дека ќе овозможи поевтино и еколошки почисто греење на домаќинствата и индустријата
Предизборно ветуваа топлификација и во 2011, и во 2013 и во 2014. Малку им беше со лагите, па и сега повторно НЕРЕАЛНО ветуваат.
Топлификацијата која функционираше до пред неколку години и загреваше неколку илјади семејства…ја ЗАТВОРИЈА!
Во недостиг на колективно загревање, граѓаните се приморани да користат огревно дрво и разни отпадни материјали со што загадувањето на воздухот во Битола дојде на високо критично ниво. Нашиот град овие неколку години е еден од најзагадените во Европа и светот.
Ние од СДСМ и коалицијата ќе застаниме на патот на лажните ветувања!
Во нашата изборна програма ,,За Живот,, во Битола се обврзуваме и ветуваме дека ќе имаме поефтин и еколошки почист енергетски енергенс.
Битола ќе има топлификација и ќе биди гасифицирана по примерот на Струмица…
Овај проект ќе овозможи помали трошоци за греење, повеќе пари за граѓаните како и почист воздух за дишење.
Гасификацијата на училиштата и административните објекти ќе ги намали сметките за греење и до 60%.
Домаќинствата во градската средина за затоплување ќе имаат заштеда и до 30%, а исто така значителен бенефит ќе има и индустрискиот сектор.
Затоа ја бараме поддршката на битолчани во недела на 11ти декември, да го подржат нашиот План за живот со заокружување на бројот 4 кој ќе значи подобар живот во Битола, подобар живот во Македонија!





