ДИК: До 13 часот гласале 34,83 отсто од граѓаните

Државната изборна комисија соопшти дека до 13 часот на избори излегле 34,83  отсто од запишаните гласачи за овие предвремени парламентарни избори.

По изборни единици, состојбата е следна
ИЕ1 38,35 отсто
ИЕ2 33,71 отсто
ИЕ3 38,62 отсто
ИЕ4 39,09 отсто
ИЕ5 33,55 отсто
ИЕ6 23,85 отсто

До сега, до ДИК, граѓани поднеле поплаки за Заштита на личното избирачко право и тоа околу 20, а сите се однесуваат на незапишаност во Избирачкиот список. ДИК установила дека се работи за граѓани кои биле на списокот за спорни гласачи, кои биле известени навремено, а во рокот не поднеле барање за запишување во Избирачкиот список.