
Создадени се сите услови за спроведување на фер, демократски и кредибилни избори, заеднички било констатирано на средбата на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, со членовите на Државната изборна комисија.
Премиерот Димитриев истакна дека Владата задолжена за спроведување на изборите и Државната изборна комисија изминатиот период беа максимално посветени на реализација на сите приоритетни активности за подготовка на изборите и изрази очекување дека таквата посветена работа ќе биде заокружена со добро организиран изборен ден на кој граѓаните на Република Македонија на фер и демократски начин ќе ја изразат својата волја.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, изразувајќи благодарност за конструктивната соработка со Владата, информираше дека се е подготвено за одржување на изборите и дека сите потребни активности се реализирани согласно предвидената динамика.





