
Очекуваме во текот на 2017 година да заврши изградбата на автопатот Скопје- Штип и да биде пуштен во сообраќај, а изградбата на патот од Штип за Кочани да продолжи со силно темпо во следната година, рече во вторник носителот на листата на Коалицијата за подобра Македонија во ИЕ 3, Илија Димовски.
Зас нас, додаде тој, овие огромни инфраструктурни проекти кои тежат десетици милиони евра, се гордост и се доказ за разликата во владеењето помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.





