
Проекти од областа на инфраструктурата и економијата најави во понеделник носителот на листа во ИЕ 3, Илија Димовски, за време на посетата на Мородвис, Видовиште и Зрновци.
Во насока на подобрување на инфраструктурата, Димовски најави реконструкција на регионалниот пат Карбинци-Зрновци-Виница, како и реконструкција и изградба на локалните патишта село Мородвис–Археолошки локалитет Црквиште и локалниот пат Зрновци–Грдовци.
Тој исто така истакна дека ќе се изгради нов мост во Општина Зрновци на регионалниот пат Кочани-Зрновци, на местото на стариот кој беше оштетен од поплавите, а и ќе се промени секундарната водоводна мрежа во село Зрновци.





