ДПМНЕ Ветуваа изградба на стадион во Битола, а и постоечкиот го срушија

Во изминатите 12 години, во дури седум изборни циклуси, ВМРО-ДПМНЕ и Владимир Талески, ветуваа изградба на стадион во Битола, а наместо тоа, токму пред нивното заминување и постоечкиот го срушија. За нештата да бидат потрагични повеќе не му веруваат ниту неговите сопартијци, кандидатите за пратеници од ДПМНЕ, кои со нивното неизлегување на неговиот прес, јавно се оградија од него и неговите лаги.

Пред сите избори, осомничениот за тежок криминал Талески ветуваше развој на спортот во градот и стадион изграден по европски стандарди. Со годишен буџет од 23 милиони евра, Талески и ДПМНЕ не само што не изградија нов стадион, туку и овај постоечкиот го оставија на милост и немилост на забот на времето. Во трите мандати, со над 270 милиони евра народни пари, Талески не издвои ни денар за стадион, за спортската сала “Младост” и воопшто за спортот во Битола, но затоа е обвинет дека добро се нафатира од криминалниот тендер за превоз на ученици кој беше најскап во светот – поскап дури и од оној во Јапонија.

После 11ти деќември новата влада предводена од СДСМ, веднаш ќе го започне циклусот за изградба на стадион во Битола и комплетна реконструкција на спортската сала “Младост”.

Тоа ќе бидат комплекси за развој на спортот во Битола, за поздрав живот на младите, за живот во Македонија, изјави Драган Крајовски СДСМ