ДУИ без изборни активности, СДСМ во Неготино и во Кавадарци, ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Во понеделник ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ митинг ќе имаат во Велес во 19 часот,  додека СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во Неготино (17:30) и Кавадарци (19:00)

Коалицијата за промени и правда денеска ќе имаат средби со граѓани во Центар и со стопанствениците во Трговскиот центар, Бит пазар и други места во Скопје. Носителите на кандидатските листи за пратеници во првата и втората изборна единица, Павле Трајанов и Јове Кекеновски, ќе одржат прес-конференција пред Јавното обвинителство во Скопје (пред мостот „Око”/13:00)

Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска во 20 часот митинг ќе има во Велешта.

Претставници на Алијансата за Албанците ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја претстави својата економска платформа.

Во чест на  28 Ноември, Денот на националното албанско знаме, Демократската унија за интеграција соопшти дека ги прекинува активностите од изборната кампања.

Во текот на овој ден, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и претставници на Партијата, вклучувајќи ги кандидатите за пратеници, ќе учествуваат само на свечени активности.