“ЅИД НА СРАМОТ“ – Да се преброиме незадоволни битолчани

Здружението на граѓани “За нас се работи“ до сите граѓани на Битола, околината како и сите поддржувачи упатува
– ЈАВЕН ПОВИК
За собирање материјали кои ќе ги поставиме на нашиот
ЅИД НА СРАМОТ
Настан кој ќе се одржи пред Офицерскиот дом, наспроти мезе бар Jagoda. Материјалите треба да содржат информации за проблеми од областа на животната средина и просторно планирање во Битола и околината како и идеи за нивно решавање. Сите доставени материјали треба да бидат во форма:
1.Локацијата каде се наоѓа проблемот кој е сврзан со информација
2. Од кога датира?
3. Видот на проблемот
4. Доколку располагате со фото или видео или пишан опис на проблемот
5. Решение или пат на процесуирање на самиот проблем (доколку граѓанинот има)
Сите материјали испраќајте ги на фб страната на “За нас се работи“, групата “Битола сака чист воздух“ ,на маил адресата zanasseraboti@gmail.com, или со пополнување на online формулар на следниов линк :https://fs9.formsite.com/zanasseraboti/form1/index.html,
или на самото место на настанот.