
Тешка е одлуката за човек да се исели од сопствената држава, но многумина од вас ја донесоа затоа што уште поголема беше тешкотијата да се живее во држава која на младите не им нуди ама баш ништо.
Тоа мора заедно да го менуваме! Нема да биде лесно, но со нашиот План за Живот во Македонија, со многу труд и посветеност – Ќе успееме!
Нашиот план, за вас младите, ја предвидува „Гаранцијата за млади” –
односно за период од четири месеци по завршување на школувањето или станување невработен секој млад човек ќе добие понуда за вработување, можност да го продолжи образованието или можност за соодветна обука!
За вас кои сакате да бидете сами свои газди, доволно ќе биде да имате само добра и одржлива бизнис идеја – државата ќе ве поддржи со неповратни 10.000 евра!
Но не само тоа – туку и со консултантска, просторна и административна поддршка за период од две години додека бизнисот не застане на здрави нозе.
Ќе можете да отворите фирма само со 1 евро влог, а ќе да можете конкурирате и за поволен кредит до 15.000 евра со 1% камата и долг период на отплата.
Вашите родители нема да зависат од работодавачите и ќе имаат гарантирана минимална плата од 16.000 денари која заедно со другите мерки ќе продуцира просечна плата од 30.000 денари.
Секое ново вработување ќе биде стимулирано со финансиска поддршка од 108.000 до 162.000 денари.
Бизнисмените ќе бидат мотивирани да инвестираат и вработуваат со 140 милиони евра предвидени за нив.
Пензијата на вашите баби и дедовци нема да зависи од милостината на политичарите, туку согласно закон ќе се покачува два пати годишно, согласно порастот на трошоците за живот – за достоинствена старост!
Вашите роднини и пријатели со четиричлени семејства кои од различни причини привремено се наоѓаат во ранливите категории на граѓани, социјални случаи, ќе бидат поддржани со финансиска помош до 12.000 денари.
Во Република Македонија ќе владее правото и правната држава, криминалците ќе одговараат, а праведните ќе бидат почитувани;
Здравството и образованието ќе добијат вистинското внимание и сериозна реформа кон квалитетот.
Драги млади, ни треба вашата поддршка, ни треба и поддршката од вашите родители, баби и дедовци, заедно да го реализираме Планот со кој ќе го вратиме она што и е одземено на нашата држава – ЖИВОТОТ!
За нашиот План за Живот во Македонија, Ве повикувам сите да излеземе во недела на 11-ти декември и да гласаме за бројот 4





