Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ победи 10-ти пат по ред

Благодариме Македонијо. Победивме уште еднаш. На 11 декември да се случи 10 по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот покажува победа, изјави на прес конференција Влатко Ѓорчев.

„Нашиот народ повторно победи. Македонија се спротивстави на црните сценарија“, рече Ѓорчев.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите напади во изминатите две години од страна на опозицијата, успеа да победи.

„Сите сме свесни дека на овие избори оваа коалиција не се бореше само против СДСМ. На овие избори имавме силен противник, но не потклекнавме, туку останавме на нозе“, рече Ѓорчев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ засега води со 20.000 гласови повеќе од СДСМ, но најави дека ќе имаат уште повеќе.

„И после 71 година, СДСМ останува партијата која што само еднаш и никогаш повеќе не победила на избори“, рече Ѓорчев.