Ѓорчев во Тетово: Изборите се референдум за Македонија

Предвремените парламентарни избори на 11 декември се поинакви од другите и значат референдум за Македонија, порача носителот на листата за пратеници во шестата изборна единица од Коалицијата „За подбра Македонија“ предводена од ВМРО­ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев кој ги посети тетовската населба Колтук и црквата „Свети Никола“.

„Граѓаните на Тетово цврсто стојат на позициите на македонска државност, на позициите на унитарност на Македонија и на позициите на уставниот поредок што тука во Колтук луѓето знаат што значи за оваа држава. Овие избори се поинакви од изборите досега бидејќи овие избори се референдум за Македонија. Ако во 1991­та година референдумот беше за создавање на независна Македонија овие избори во 2016­тата година се референдум за сочувување на Македонија“, рече Ѓорчев.

Тој со соработниците ги посетија планинските села во состав на општина Боговиње, Урвич и Јеловјане, каде се сретна и поразговара со жителите, од кои дел се Македонци со исламска вероисповед.

„Атмосферата е навистина добра при контактите со жителите и нивните прашања додека ја претставуваме нашата програма. Она што е навистина добар податок е дека на минатите избори пред две години имавме за првпат победа и во Урвич и во Јеловјане и историски рекорден најдобар резултат. Овојпат очекуваме уште подобар резултат и уште поголем број на гласови и сите најави се во таа насока. ВМРО­ДПМНЕ и коалицијата од 25 политички партии и сега очекува победа и во Урвич и во Јеловјане бидејќи приемот на луѓето е навистина добар и топол“, рече Ѓорчев.

Имаме намера, додаде тој, да реализираме поголем број проекти овде кои се поврзани со патот, здравството, безбедноста на граѓаните, со училиштето, образованието.