Груевски: Граѓаните знаат да изберат кој да ја води државата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, НИкола Груевски, кој во недела го искористи своето право на глас, оцени дека граѓаните повторно имаат моќ да одлучат кој ќе управува со државата.

„Граѓаните ќе одлучат во кој правец че се движи државата и каква политик ќе води“, рече Груевски. Тој верува дека најголемиот дел од граѓаните ќе го искористат правото да гласаат, а среќен е поради тоа што гласањето се одвива мирно и во фер и демократска атмосфера.

„Се надевам дека така и ќе завршат денешните избори“, рече Груевски по гласањето.