Груевски: Минатиот труд и програмата ќе донесат нова голема победа

Не само минатиот труд, туку и програмата наречена „Реално“ ќе нé донесе до нова голема победа, а граѓаните овојпат имаат и специјална причина поради која ќе ги поразат СДСМ, порача Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во Изборната единици 4 од предизборниот собир во Свети Николе во петокот вечерта.

„Ние сме политичка партија која е посветена и сака да помогне секому, тоа го правиме и ќе продолжиме да го правиме. Тоа е една од големите разлики по кои се разликуваме од СДСМ. И на овие изборите ќе победиме поради нашиот минат труд и делата, поради држење до дадениот збор, но и поради новата програма“, истакна Груевски

Рече дека во Македонија се промениле многу работи откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, и оти граѓаните самите тоа го почувствувале. Посочи дека во времето на владењето на СДСМ, невработеноста се зголемувала, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа се намалува.

„Не само минатиот труд и програмата наречена ‘Реално’ ќе нé донесе до нова голема победа. Граѓаните овојпат имаат и специјална причина поради која ќе го поразат СДСМ. Затоа што ги потценија, во овие две ипол години земјата ја ставаа во криза поради свои и нечии тугѓ цели. Не само што слушаме дека ја напуштија теоријата дека ќе победат, туку сега шират теорија и за широка коалиција. Тоа нема да се случи. Тоа нема да ја реши кризата. И сега имаме, на некој начин, широка коалиција со која ништо не се промени. Нашата победа ќе биде огромна и на СДСМ нема да им текне да бараат широка коалиција“, порача Груевски.

Истакна дека крајот на кризата ќе дојде „само под еден услов“, а тоа е доколку ВМРО-ДПМНЕ освои 63 пратеници на изборите на 11-ти декември.

„Откако им одговориме за широката коалиција, сега најнова теорија им е дека водат на сите анкети. Пендаровски вели дека водат на сите анкети, а Шекеринска вели дека анкетите не се точни. Во 2014-та Пендаровски велеше дека водат, и тоа не за малку, а изгубија со најголем број освоени гласови на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на Македонија“, рече Груевски.

Речеи и дека во изминатите две ипол години опозициската СДСМ земјата ја држела во заложништво, со тврдењаа за фантомските гласови.

„Две ипол години Македонија се држи во политичка криза и заложништво, и сé започна со фантомските гласачи. Особено во последната година постојано го лажат народот со приказната дека изборните списоци не се прочистени и дека има 500 илјади фантомски гласачи. Овој народ е мудар и знае да препознае дека некој го мами и потценува“, заклучи Груевски./