
Завршува кампањата доаѓа победата. Две ипол години издржавме малтретирање од СДСМ и нивните сценаристи. Многу мудро достоинствено народот ги издржа овие две години. Многу работи кои на други места им успеале тука не им успеаја, а тоа ќе го видат во недела кога народот громогласно ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ и ќе покаже дека во Република Македонија одлучува народот, истакна во петок вечер во Крушево лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во четвртата изборна единица, Никола Груевски.
„Сѐ уште не научија дека ако сакаш да добиеш можност да ја водиш државата тоа треба да го очекуваш од народот, да му понудиш проекти, програма и чесен пристап, а не да чекаш криминални структури да те донесат на власт. Народот ќе го казни СДСМ во недела и ќе го казнува сè додека не научат да го почитуваат сопствениот народ. Не ни треба некој од надвор да ни ја прекројува и редефинира државата и да ни го наруши соживотот. Заедно се бориме за сите. Кога нашата влада се бореше за нови работни места, се бореше за сите. Затоа народот нè поддржувач“, посочи Груевски.
Тој додаде дека во минатиот период сите виделе каков човек е Зоран Заев.





