Иванов ќе додели „Орден за заслуги за Македонија“ на Факултетот за музичка уметност

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во вторник, ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Факултетот за музичка уметност – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“ по повод 50 години од основањето, а особено за постигнатите резултати во својата образовна, уметничка и научна дејност.

Овој факултет со својата дејност даде исклучителен придонес во збогатувањето и промовирањето на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот.