Ковачевски:Мерки за поправање на патната инфраструктура

12 години на локално ниво и 10 години на централнао ниво, ВМРО ДПМНЕ е партија на власт.

Имаа доволно време и средства да го направат тоа што го ветуваа во нивните изборни програми.

Потрошија повеќе од 20 милијарди евра државен  буџет, потрошија  повеќе од 250 милиони евра општински буџет, а Битола е направена последна станица.

Покрај хаосот во здравството, образованието и другите сфери на живеење, денес патната инфраструктура е во крајно очајна лоша состојба.

Битола е единствен голем град кој нема автопатско решение за поврзување со главниот град и соседните земји. Патување кон Скопје преку Плетвар и клисурата Дреново е ризик и за возачите и сопатниците.
Аболицираниот криминалец, Градоначални Владимир Талески освен неколкуте тркала т.н. кружни текови , не направи буквално ништо друго.

Во градот, улиците се дупка до дупка  автомобилите се уништуваат секојдневно. Влезовите на градот се посебна приказна, како да влегувате во град од минатиот век. Во руралната средина, дупки како кратери и кал до колена. Најавената пруга до Грција во 3 нивни предизборни ветувања ја нема . Парите од државата и од европските фондови се потрошени, подизведувачите останаа без пари, фирмата блиска до Груевски и Јанакиески си замина.

Почитувани граѓани, време е работите да ги промениме.

После 11 декември, како идна власт се обврзуваме.

Да направиме автопат од Велес преку Прилеп до Битола и Меџитлија. Ова ќе биде нов ,,крвоток,, за Битола и регионот. Ќе се подобри комуникацијата, развојот на економијата, образованието, здравството и сл. Регионално, со нови експресни и магистрални патишта ќе се поврзуваме со Ресен и Охрид, со Демир Хисар и Кичево.
Со проектот ,, Македонија без кал ,, секое село и населено место ќе добие пат со асфалт.
Пругата Битола-Меџитлија мора да се заврши во предвидените рокови. Железничкото поврзувањето со Грција ќе овозможи далеку поевтин и посигурен превоз на патници и превоз на стока на производителите и трговците.
Битола и битолчани заслужуваат живот. На 11ти декември, гласајте за бројот 4 и поддржете ја програмата за живот во Македонија.

Изјави Васко Ковачевски СДСМ.