
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, во понеделник со своите унгарски и словенечки колеги, Петер Сијарто и Карл Ерјавец, во Брисел организираше работен појадок на Советот на ЕУ со македонскиот министер Никола Попоски за изборите во Македонија.
Според Курц, сега е време победниците на изборите во брз рок да формираат стабилна Влада.
„Многу сум среќен дека по еден многу тежок временски период, Македонија можеше да организира фер избори. Сега мислам дека е потребно да се направи обид да се формира стабилна Влада што е можно поскоро“, изјави Курц.





