ЛДП: Аргировски го покажа своето вистинско лице

Драги Аргировски го покажа своето вистинско лице, манипулант со што пензионерите ги става во заблуда, реагираат од Либерално-демократската партија(ЛДП) по изјавата на Аргировски на 24 Вести.

„Во предизборниот период на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016-та, различни политички партии потпишаа политички коалиции со кои сакаа да стекнат подобри позиции пред гласачкото тело. Во тие моменти, помпезно се појавува и Драги Аргировски, на чело на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија и без никакви консултации, потпишува Меморандум за соработка со ВМРО ДПМНЕ“, потсетуваат од ЛДП.

Од оваа партија додаваат дека со потпишувањето Аргировски испрати индиректна и суптилна порака до пензионерите за кого да гласаат на претстојните избори.