
Задачата на пратениците на Либералната партија ќе биде владата во која ќе учествуваат, да го стабилизира системот, да го стабилизира општеството, да се постигне кохезијата на македонската нација во која припаѓаат сите припадници запишани во уставот и сите етнички заедници кои не се запишани во уставот.
Ова го рече лидерот на Либералната партија, Ивон Величковски на вечерната средба со граѓани во Општина Кисела Вода во Скопје, каде порача дека секој глас даден за пржинската четворка ќе биде само глас за одржување на досегашната состојба и проблеми.
Носителот на листата на Либералната партија во ИЕ1, Величковски на средбата со граѓаните во Кисела Вода, ги претставуви кандидатите, побара место само тие кандидатите да зборуваат, за промена – тие да одговараат пред народот, бидејќи се до сега се движело на начин „некој да каже што да се прави, како да се прави, зошто да се прави, а никој нема да ви каже колку тоа ќе ве чини.“
„Наша задача е секој да дојде до својот профит, под еднакви можности, врз основа на еднакви шанси и врз основа на пресметливи закони“, рече Величковски.
Тој појасни дека во нивната кампања нема да зборуваат за другите партии, туку ќе комуницираат директно со граѓаните, затоа што сметаат дека секој глас даден за пржинската четворка ќе биде само глас за одржување на досегашната состојба и проблеми.





