Милевски реформи во образованието

Една од областите во кои Владата во заминување направи тотален хаос и безредие е  образованието. Успеаја да уништат се што беше вредно а никако да направат реформи со кои ќе го подобрат образованието и наставниот процес.

Новата влада после 11-ти Декември сериозно ќе се зафати со реформи во образовната сфера, а приоритет ќе ни бидат НАСТАВНИЦИТЕ, УЧЕНИЦИТЕ И РОДИТЕЛИТЕ, затоа:

-Веднаш и безусловно ќе го укинеме екстерното тестирање,

-Ќе го намалиме и бројот на ученици во паралелка,  најмногу на 25, со цел поквалитетна настава.

– Ќе се намали бројот на предмети

-Ќе го намалиме фондот на часови на наставниците со повисоки звања. Тие ќе добијат менторска и консутантска улога  во однос на помладите колеги.

-Наместо казни, најдобрите училишта и ученици ќе бидат јавно наградувани.

-Ќе го започнеме планот за реконструкција и изградба на нови градинки и ќе го зголемиме опфатот на деца до 50 %

-Ќе ја вратиме автономијата на универзитетот  и достоинството на професорите при што државните универзитети ќе бидат целосно одговорни за функционирањето според законот и уставот .

– Ќе отвориме Медицински факултет во Битола

– Во Битола ќе изградиме универзитетски кампус (стр 125 од програмата)

-Ќе воведеме Државен фонд за истражување и развој  (стр 124 од програмата)

Овие неколку приоритети и уште многу други  запишани во Планот за живот во Македонија ќе бидат основата за нашето ангажирање за победата по 11-ти декември.