Милошоски: За тоа што ѝ го сторија на Македонија, Заев и Шекеринска ќе го добијат одговорот на 11-ти декември

Челниците на најголамата опозициска партија СДСМ, Радмила Шеќеринска и Заран Заев предизвикаа голема политичка криза на штета на Република Македонија и за тоа што ѝ го сторија на Македонија ќе го добијат заслужениот одговор на 11-ти декември и ќе заминат во политичка пензија, порача во вторникот вечерта во Ресен Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на Колацијата за подобра Македонија во Изборната единици 5

„ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија градат за секого и помагаат секому. Ние досега бевме владејачка опција, ќе бидеме и по 11-ти декември, затоа да си помогниме и себеси, сите со пријатели, роднини и комшии да излезиме на гласање, да имаме убедлива победа, да имаме добра позиција и да можеме да си помагаме…“, порача Милошоски на предизборниот собир во Ресен.

Одговори на обвинувањата дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја практикувала власта како режим, дека тоа било диктатура или автократија, но посочи дека тоа го говорат оние „коишто кога народот ќе побараше пари за тутун, добиваше пендреци“. Народот кога ќе побараше право на одговор, му викаа дека некои прашања не заслужуваат одговор. Народот којшто во Кичево и Струга затоа што сакаа да останат свој на своето ги тепаа со полиција и тие денес зборат за режим и за диктатура“, рече.

„Во Македонија никогаш немало поголема демократија, но проблемот е што платениците на Сорос ја злоупотребуваат таа демократија за да ја држат државата во заложништво, во грч две години ни одзедоја, две години во работа, за две години ќе направевме уште повеќе ако не ја направеа оваа политичка криза. Некои викаат дека господинот Заев нема ништо направено, некои зборат дека Шеќеринска не направила ништо… Не е точно, Шекеринска и Заев имаат направено една голема политичка криза на штета на земјата и за тоа што и го направија на Македонија ќе го добијат заслужениот одговор на 11-ти декември да одат во политичка пензија“, з аклучи Милошоски.