МТСП: Запирање на изготвувањето на секаков вид на решенија поврзани со правата од социјалната заштита

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски упати писмена наредба до дректорите на Меѓуопштинските центри за социјална работа за итно запирење на изготвувањето на секаков вид на решенија поврзани со правата од социјалната заштита.

Исто така, министерката Ташевска-Ременски побара од Центрите за социјална работа итно да достават информации за бројот на изготвени решенија од социјална заштита (посебно по право) за период од 05.11 – 05-12. и строго да се придржуваат кон писмената инструкција за обнова на правата од социјална и детска заштита од 19.12.2016 до 27.01.2017 година и точно да ги информираат корисниците.

Забраната е за да се спречат манипулации во предизборниот период, а за што веќе се евидентирани докази, па сите оние што нема да ја почитуваат забраната, ќе бидат повикани на одговорност согласно законот.