
Министерството за транспорт и врски ги демантира наводите на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски во однос на распределбата на социјалните станови во Прилеп и Ресен.
„Техничката министерка Ременски говори невистини и зборува за некаква партиска распределба на социјални станови, но таа е истата техничка министерка Ременски која упорно ја уценуваше Комисијата за распределба на социјалните станови да и доделат стан на лице од Прилеп кое е во блиски роднински односи со висок функционер на СДСМ.
Таа е истата техничка министерка Ременски која упорно одбиваше 119 лица да се вселат во социјалните станови, бидејќи не и беше удоволено барањето, стан да добие партиски член на СДСМ“, велат од Министерството.
Појаснуваат дека социјалните станови се изградени за згрижување на најранливите категории на граѓани и само тие што ги исполнуваа условите согласно критериумите што се пропишани во Правилникот за распределба на социјалани станови, се здобија со право на користење на таквите станови.
Министерството за транспорт и врски најодговорно тврди дека постапката за распределба е направена согласно законските прописи и на транспарентен начин.





