На планините сончево и топло, во котлините магливо и постудено

На повисоките места сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. По повеќето котлини со појава на магла и ниска облачност, кои околу пладне ќе се намалат.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 0 и дневна до 10 степени.

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините. За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат.