
Мерните станици на министерството за животна средина вчеравечер регистрираа шест пати поголема загаденост во Кичево, три пати поголема загаденост во Битола и до три пати поголема концентрација на штетните пм10 честички во Скопје.
Во Скопје најзагадени се Гази Баба, Карпош и Ново Лисиче, три пати поголема концентрација на штетните честички измериле мерните станици кај ректоратот. загаденоста е најголема во вечерните часови и околу полноќ.
Суспендираните честички се штетни по здравјето на луѓето, а според статистиките на експертите годишно од загадување во воздухот умираат 1350 лица.





