
Од понеделник подрачјето на земјата ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса која продира од север, што ќе услови засилен северен ветар проследен со значителен пад на температурите.
Врнежите во попладневните часови на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Од вторник ќе биде многу студено и ветровито, а можно е провејување на снег и во пониските делови.
Дневната температура на места ќе се задржи околу нула степени Целзиусови.
Инаку, од петок попладне и во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд со слаб, а во западните и јужните делови и умерен интензитет. За време на викендот ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат





