
Повторно во четврток беше одложено судењето за членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, заради болест на еден од обвинетите.
Двајцата одговараат за учество во толпа што ќе стори кривично дело поради протестите во кои беше демолирана народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов, по неговата одлука за аболиција на 56 лица.
Новото рочиште е закажано за 18 јануари.





