Пендаровски: Од утре ќе почнеме со процесите за стабилизација на земјата

На фер, демократски и мирни избори се надева носителот на кандидатската листа во Изборната единица 1 на Коалицијата за живот во Македонија, предводена од СДСМ, Стево Пендаровски, кој своето гласачко право го искористи во Автокоманда.

„Јас најискрено се надевам дека по десет години Македонија конечно ќе успее  да организира и спроведе демократски и фер избори. За на крајот од денот оној што ќе победи да прими честитки од оној што ќе изгуби. Јас се надевам дека изборниот ден ќе помине мирно, се надевам на мирна, стабилна атмосфера и по 19 часот кога ќе се пребројуваат гласовите“, рече Пендаровски по гласањето.

Според него, апсолутно е јасно дека Македонија е подготвена за промени.

„Јас сум убеден дека од утре натаму ќе навлеземе во тие процеси за политичка стабилност на земјата која е предолго во агонија“, додаде Пендаровски.