
Здравствен систем кој ќе одговори на потребите на сите граѓани, зголемување на платата на здравствените работници, професионалци да ги водат здрвствените установи, реорганизација на Комисијата за лекување на деца во страство и други промени планира СДСМ по победата на изборите, најави Стево пендаровски, носител на кандидатска иста за ИЕ 1.
„Новата Влада предводена од СДСМ по 11 декември ќе преземе сет мерки со кои прво ќе ги санира состојбите во оваа област и ќе ги постави основите за здравствен развој во идниот период и здравствен систем кој ќе одговори на потребите на сите граѓани. Во првите шест месеци на новата Влада, просечната плата на здравствените работници ќе биде покачена за 15 проценти во однос на ова што е сега, а до крајот на мандатот на новата Влада предводена од СДСМ, платите ќе бидат двојно поголеми од сегашниот износ“, рече Пендаровски.
Најави дека на чело на здравствените установи ќе бидат поставени професионалци, луѓе со интегритет, кои нема да примаат нарачки од партиски штабови, туку ќе работат согласно принципите на струката.
„Комисијата за третман на болните деца во странство ќе биде комплетно реорганизирана, и ќе биде поставена на сосема други основи. Ќе биде брза и мобилна и сигурно нема да прима инструкции од партиските штабови кое дете треба да биде однесено во странство и на кое дете треба да му биде платена операцијата“, додаде Пендаровски.





