Промоција, на почесен доктор на науки, НЕ Рудолф Шустер на УКЛО

Доделување титула Почесен доктор на науки на НЕ господинот Рудолф Шустер, поранешен претседател на Словачката Република, значајно име во словачката политичка историја, а и истакнат писател, публицист, познат автор на дела во областа на документарната литература. Осведочен пријател на Република Македонија, тоа е последниот претседател со којшто се сретна покојниот претседател Борис Трајковски  само еден ден пред неговата трагична смрт.

 

Иницијативата ја покрена  словачкиот Амбасадор Безак  при неговата званична посета на УКЛО, а коинцидира со нашата заложба за обезбедување меѓународна видливост на Универзитетот преку бројни активности меѓу кои спаѓаат и традиционалните академски постапки за особено вреднување на личности значајни за академската заедница , но и на личности значајни за пошироката меѓународна заедница.

Конференциска сала на НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола

 Понеделник 12 септември 2016 година, 12 ч.