
Македонија стана една од најсиромашните земја во регонот и Европа со рекордно висока сиромаштија, а над 500 илјади граѓани живеат под прагот на сиромаштија, велат од СДСМ.
„Промашените економски политики на Никола Груевски го полнеа џебот и сметките на фамилијата на власт со украдените пари на осиромашените граѓани. Над 5 милијарди долари, украдени пари на граѓаните на Р.Македонија од буџетот се изнесени по сметки во рајски земји! Тоа придонесе кон забрзано осиромашување на населението, а богатење на една мала група на луѓе од врвот на власта“, додаваат од партијата.
„Според Светска банка над 180 илјади граѓани живеат со по 40 денари на ден. Овие наши граѓани едвај преживуваат неможејќи на своите деца да им обезбедат храна и нормални услови за живот. Затоа на 11-ти декември граѓаните имаат избор или сиромаштија или достоинствен живот“, велат од СДСМ.
„Најпрво ќе им помогнеме на најзагрозените. Уште во првите 100 дена трајно ќе го решиме проблемот на стечајните работници. Ќе воведеме фер и праведни даноци за сиромашните да плаќаат помалку. Ќе воведеме и програма за минимален адекватен приход за граѓаните кои живеат во сиромаштија. Секое четиричлено кое не остварува никаков приход ќе добие 12 илјади денари месечно, а семејствата што остваруваат приход под 12 илјади денари ќе ја добијат разликата до 12 илјади денари“, порачуваат од партијата.





