СДСМ: Граѓаните покажаа дека ја сакаат Македонија

Граѓаните на Македонија покажаа дека ја сакаат Македонија, дека сакаат живот во Македонија, изјави во недела вечер по затворањето на гласачките места Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, кој оцени дека имало голема излезност и дека се регистрирани мали нерегуларности.

„Одредени стари навики останаа, но тие не се доволни да ги спречат граѓаните слободно да ја изразат својата волја“, рече Манчевски.