СДСМ: Груевски ќе одговара за сите злосторства

Последните закани за насилство од обвинетиот за насилство Никола Груевски само ги покажуваат неговите очај, страв и паника, реагираат од СДСМ, по синоќешниот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој порача ако Гоце Делчев бил жив, на Заев ќе му го прател Ќосето.

„Заев зборува за плати, Груевски се заканува со насилство! Заев повикува на обединување, Груевски шири омраза и поделби!  Заев се гордее со идеалите на социјалдемократот Гоце Делчев, Груевски го сквернави неговото име се закани за ликвидации!  Заев зборува за план за подобар животен стандард на граѓаните, Груевски крои план за бегство од Македонија! Заев зборува за живот, Груевски за смрт!“, порачаа од СДСМ.

„Нарачателот и одговорниот за насилство Груевски и за овие и за сите други злосторства против граѓаните и имотот на Република Македонија ќе одговара пред судството, кое по 11 декември ќе биде независно“, додаваат од партијата.