
Доаѓа времето кога сите што се огрешиле пред законот ќе одговараат, а тоа важи и за Владимир Талески, човекот кој ВМРО-ДПМНЕ го претстави како најчесен и највреден и кого трипати го кандидираше за градоначалник, а се сомничи за криминал со најскап превоз на учениците во светот, реагираат од СДСМ.
„Уште еднаш се потврди дека она што го покажа Вистината за Македонија навистина е така. Се покажа дека објавениот разговор каде што Зоран Ставрески кажува за Талески дека е најголем криминалец не е ниту сечен, ниту лепен ниту монтиран. Останува исттрагата да ги даде сите одговори, меѓу кои и каде завршија 360.000 евра за кои се сомничи Талески?“, прашуваат од партијата.
„Најважното сега за граѓаните е како ќе функционира Општина Битола со Градоначалник кој е во домашен притвор? ВМРО-ДПМНЕ наместо да се огради, уште еднаш се стави во одбрана на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажа дека криминалното работење е нивна главна одлика“, се вели во соопштението од СДСМ.
„За доброто на Битола и битолчани, го повикуваме Владимир Талески во најкус можен рок да си поднесе оставка. На тој начин ќе се овозможи нормално функционирање на Општината во интерес на сите граѓани“.





