
На единаесеттиот ден од изборната кампања за предвреените парламентарни избори што ќе се одржат на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржи митинзи во Демир Хисар и во Битола.
Митинзите на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ се закажани за Пробиштип и за Штип.
Митинг Демократската партија на Албанците во четврток ќе одржи во Матејче.
Коалицијата за промени и правда вечерва е во Кочани, а пресконференција на носителот на кандидатска листа во ИЕ 2 Јове Кекеновски во општина Бутел.
Прес-конференција на Коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Охрид, во просториите на ВМРО Народна партија.
Митинзи на Алијансата за Албанците во Брвеница и во Желино
Претставници на Движењето Беса ќе ја посетат Стопанската комора на северозападна Македонија, која ќе им ја презентира својата економска платформа.





