
„Денеска институциите на Република Македонија мора да им обезбедат на граѓаните шанса, слободно, без притисок и без страв да го остварат своето право за глас“, порача Радмила Шекеринска од СДСМ, која го оствари своето право на глас.
„А по денес, од утре граѓаните ќе ги вратат институциите и администрацијата во свои раце, да работат во служба на граѓаните, да работат за решавање на нивните пробелми“, рече таа.
Порача дека од утре почнува промена во политиката во Република Македонија, се враќа животот и се враќа среќата.





