Шекеринска: Во Македонија мора да почнат да растат платите

Во Македонија мора да почнат да растат платите, затоа што не може стандардот на луѓето да биде мизерен, а земјата да вели, одиме во Европа, рече Радмила Шекеринска, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 5.

„И затоа земавме обврска во првите 180 дена, да донесеме нов закон за минимална плата и да кажеме вака. Минималната плата, веднаш, за сите сектори, и за текстил и за кожарска индустрија, ќе ја направиме 12 илјади денари, 3.000 денари повеќе од тоа што е денес, ама со план секоја година да расте и во 2020 на крајот на мандатот да изнесува 16 илјади денари“, рече Шекеринска за време на посетата на охридско Мешеишта.

Според неа, без пристојни плати, Македонија секоја година ќе биде се попразна и секоја година Македонија ќе биде се повозрасна.