
Секое евро што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ НИкола Груевски, го откина од народот, ќе го врати, порача Петре Шилегов, кандидат за пратеник од СДСМ, во петок од Гостивар.
„Паднаа во вода сите лаги, сите лаги и интриги, сета црна кампања за некаква си федерализација, кантонизација на Македонија. Од неговиот коалиционен партнер всушност беше соопштено провидното сценарио. Беше соопштено дека УЧК раководи со македонските институции. Дека УЧК го воведува албанскиот јазик на територија на цела Македонија“, порача Шилегов..
Тој рече дека за 10 дена од сега граѓаните ја земаат судбината во свои раце. „Граѓаните на оваа коалиција, на Никола Груевски, ќе му порачаат нема никаква федерализација и кантонизација, но ќе има конфискација! Ќе плати Никола Груевски за секое евро кое што го откина од нашите граѓани. Ќе плати Никола Груевски за секоја мајчина солза исплачена навечер за децата коишто заминаа. Ќе плати Никола Груевски за секоја непреспана ноќ во странство на нашите граѓани“, додаде Шилегов.





