Шилегов во Теарце: СДСМ се обврзува просечната плата да ја направи 30.000 денари

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се обврзува дека минималната плата ќе изнесува 16.000 денари, а просечната плата 30.000 денари, изјави во понеделник во Теарце Петре Шилегов, носител на кандидатска листа во ИЕ 6.

„Нашата цел е да го шириме Планот за живот во Македонија, луѓето да останат овде, да изградиме една демократска, современа, европска Република Македонија“, рече Шилегов.