
Планот за живот на СДСМ доби голема поддршка од европратеници, лидери на пратенички групи во Европскиот парламент, како и од министри во европски земји од лева провиниенција.
Тања Фајон европратеничка, Андреас Шидер лидер на социјалдемократите во австрискиот парламент, Ан Линд министерка за европски прашања и трговија во владата на Шведска, Јули Миновес – Трикел, претседател на Либералната интернационала се дел од европските политичари кои ја дадоа својата поддршка за Планот за живот во Македонија.
„СДСМ ја води борбата за демократија, човекови права и владеење на правото и овие избори на 11-ти декември ќе бидат токму за овие прашања“, порача министерската за европски прашања и трговија на Шведска, Ан Линд.
„Го поддржувам СДСМ и Планот за живот во Македонија. Вие заслужувате достоинствен живот како и сите граѓани на Европа. Имате право на животен стандард кој ќе ви овозможи да се чувствувате безбедни и спокојни“, истакна европратеничката Тања Фајон.
„Вашиот глас ќе биде глас за да се ослободат демократските институции, општеството, судството, медиумите и администрацијата, од рацете на политичките партии“, повика Џани Питела, лидер на социјалдемократите во Европскиот парламент
„На 11-ти декември се работи за живот во Македонија. Се работи за слобода, за вработување, за слобода на говор“, порача Ханс Ваан Бален европратеник.
„Ние веруваме во Македонија која е отворена и која е демократска. Во Македонија која е целосно дел од Европа“, порача Јули Миновес – Тринкел.
„На Европа ѝ е потребна демократска Македонија, на Европа ѝ е потребна Македонија која е водена од социјалдемократска партија“, повика Јанс Нилсен, пратеник во Европскиот парламент.
„Граѓани на Македонија, гласајте за живот во Македонија“ е заедничкиот повик на политичари и дипломати од пријателски држави во Европа, кој го упатија во престрет на предвремените парламентарни избори закажни за 11-ти декември.





