Сончево со мала облачност

Сончево со мала облачност и слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 1 степен, додека дневната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 0 и дневна до 13 степени.

Продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини и речни долини во ноќните и претпладневните часови.ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне ќе има услови за слаб локален дожд .