Сончево со слаб, долж Повардарието умерен северен ветер

Претежно сончево со слаб, долж Повардарието умерен северен ветер. Претпладне по одделни котлини со појава на слаба магла.

Дневните температури ќе се движат од 10 до 16 степени.

До недела ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаба утринска магла по одделни котлини. Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.