
Времето во недела ќе биде сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по некои котлините ќе има слаба магла.
Утринските температури се движат од минус 6 до 1 Целзиусов степен, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 10 и 17 степени.
Во Скопје и околината максималната температура ќе достигне до 11 Целзиусови степени.
До недела ќе преовладува сончево и релативно топло време со слаба утринска магла по одделни котлини. Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса што ќе услови засилен северен ветер, на места провејување на слаб снег и позначително опаѓање на температурата.





