Специјалното јавно обвинителство го побара предметот „Сопот“

Од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во четвртокот сооштија дека на 4-ти ноември до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“.

Предметот е побаран со цел да се одлучи овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации, додаваат од СЈО.

Инаку, се работи за судски предмет од 2003-та година во кој 11 селани од кумановското село Сопот беа осудени за тероризам, односно за поставување на мина на пат. Во експлозијата која настана откако на мината нагази НАТО џип со полски војници и македонски државјани, загинаа двајца полски војници и еден цивил./