Судот и адвокатите бараат СЈО на судење да презентираат доказ со кој ќе може да се користат класифицирани информации

Иако никогаш порано кривичниот суд не побарал од Обвинителството да достави документ со кој би се отстраниле и формалните пречи за употреба на класифицирани документи како доказ во судска постапка, на такво нешто инсистира скопскиот кривичен суд и адвокатите на седумтемина обвинети во предметот кој беше оформен по иницијатива на Специјалното јавно обвинителство.

Првиот судски процес отворен по поднесен обвинителен предлог на СЈО, односно првото судско рочиште започна со барање на бранителот на поранешниот началник на УБК, Горан Грујовски, адвокатот Никола Додевски, да се отфрлат дел од доказите кои што ги предложило СЈО, бидејќи, спроед него, тие биле обезбедени на незаконски начин.

Судот се согласи дека доказите се обезбедени на законски качин, но дека СЈО треба да озбезбеди формален акт со кој ќе се дозволи непречено користење на класифицираните докази во судска постапка.

Јавните обвинители Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов го потестија судот дека тие до УБК, уште во април оваа година, поднеле формално барање, но дека поради опструкции такво нешто се уште не им е доставено. Специјалните обвинители потсетија дека кривичниот суд еднаш веќе им го врати предметот со идентично барање, но дека тие немаат намера повеќе да обезбедуваат ништо што не е неопходно за судењето, притоа повикувајќи се на Законот за класифицирани информации.

Судијката Лидија Петровска не донесе формална одлука, но на Обвинителите им даде копија од судскиот записник, а потоа најави дека главниот претрес го закажа за 17. јануари следната година.

На судењето, освен екс-началникот на УБК Горан Грујовски беа присутни и службеничките кои според СЈО учествувале во уништувањето на доказите кои се во насока на потврда за масовното прислушување.