Тачи: ДУИ ни донесе само насилство и крв

Демократската партија на Албанците во сабота одржа митинг во Добри Дол, каде лидерот на партијата, Мендух Тачи, ја презентираше изборната програма, како и кандидатите за пратеници од втората изборна единица.

Тачи го обвини претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека на народот му донел само насилство.

„ДПА ќе работи во две сфери, економски и политички проекти. Економски најважно е да нема дискриминаторски буџет, да има правична и пропорционална распределба на буџетот во државата, да има инвестиции во сите места подеднакво. Имаме идеја да се амнестираат долговите на граѓаните кон државата настанати поради казни и други основи“, истакна Тачи.

Во политиката, како што рече, ќе се ангажираат да ја нема дискриминацијата на Албанците.

„Се залагаме и за закон за амнестија што ќе го донесеме со цел да не лежат во затвор сите осуденици од монтираните политички случаи. Такви ги има многу зошто ДУИ ни донесе насилство, крв и затвори“, додаде тој.