Тачи: Се создава клима на добри избори

Претседателот на Демократската партија на Албанците, ДПА  Мендух Тачи, во недела гласаше на гласачко место 1961/1 во градинката „Младост“ во  Тетово.

По гласањето, Тачи оцени дека полека се создава клима на добри избори и изрази надеж дека ќе нема поголеми проблеми до крајот на гласањето во 19 часот.

„Една добра вест досега Зајас, Осломеј и Кичево 1,5 отсто гласале. Нашите набљудувачи издржуваат. Стотина луѓе се вратени назад кои сакаат по два три пати да гласааат, но апелирам до МВР и ДИК што побрзо да реагираат бидејќи инаку ќе имаме големи проблеми“, вели Тачи.