Тесна битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Два часа по затворање на избирачките места на деветтите парламентарни избори во Македонија, бројките со кои располага Државната изборна комисија покажуваат тесна разлика меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.
 
Имено, ВМРО-ДПМНЕ има 113.872 гласа или 41,27 отсто, додека СДСМ има100.176 гласа односно 36,31 проценти, на пребројани 275.888 гласачки  ливчиња.
 
По изборни единици, СДСМ има водство во шестата изборна единица, каде има 6.932 гласа или во проценти 17,87, а ВМРО-ДПМНЕ има 6.700 гласа , а во проценти 17,27.
 
Во првата изборна единица разликата е во полза, исто така, на СДСМ и тоа за опозициската партија 14.245 или 41,55 отсто наспрема 13.402 гласови за ВМРО-ДПМНЕ или 39,09 отсто.
 
Во втората изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ гласале 18.485, а за СДСМ 16.074 или во проценти 39,34 отсто наспрема 34,21 отсто.
 
Третата изборна единица покажува најголема разлика во полза на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде оваа партија освоила 24.131 гласови или 54,34 отсто, а СДСМ 16.295 гласови, или 36,69 проценти.
 
Четвртата изборна единица во која се соочија лидерите на двете најголеми партии Никола Груевски и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ води со 39.561          гласови или 48,51 отсто, а СДСМ со 36.279 гласови или 44,48 отсто.
 
Петата изборна единица повторно покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 11.361 глас или 38,05 отсто, а СДСМ со 10.583 гласови или 35,44 отсто.