
Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ е планирано 60% кофинансирање за набавка на земјоделска опрема, како што се трактори, за разлика од претходно предвидените 50%, рече во понеделник Никола Тодоров, носител на листа во ИЕ 2.
„Осигуреното е најсигурно и од тој аспект покрива 60% од осигурувањето на земјоделското производство од сите ризици и исто така со програмата се предвидува и зголемена поддршка за младите земјоделци кои ќе земаат 10% повисоки плаќања со цел да им се даде поголема поддршка од државата“, рече Тодоров.





