
Комплетна реконструкција на сите амбуланти во градот Скопје кои што се во рамки на Здравствениот дом во Скопје, најави во вторник носителот на ИЕ 2 Никола Тодоров, од Коалицијата за подобра Македонија.
Тој додаде дека овој проект е во вредност од 200 милиони денари.
„Предвидуваме комплетно нова амбуланта во Ѓорче Петров. Амбулантата во Ѓорче Петров е дотраена и стара и нема посериозни реновирања од моментот кога е изградена и имајќи ја во предвид многу лошата инфраструктурна состојба во која што се наоѓа амбулантата решивме во новата програма да предвидиме комплетно нова амбуланта. Со програмата се предвидува и зголемување на додатокот за деца со пречки во развојот и тоа за 20% во период од 4 години. Првото зголемување ќе биде 10% во 2018 година а второто зголемување исто од 10% во 2020 година“, рече Тодоров.
Додаде и дека се предвидува и зголемување на еднократната парична помош за децата без родители и тоа зголемување за 50%, па од досегашните 180 000 денари на 270 000 денари.





